Дома Македонија (ФОТО) Синот на Силјановска Давкова фатен како свири на кавал во Градски...

(ФОТО) Синот на Силјановска Давкова фатен како свири на кавал во Градски парк за пари

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на претседател на Македонија, се огласи на Фејсбук и побара нејзиниот син да го остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања, откако на социјалните мрежи се појави фотографија како во парк свири на кавал и собира добротворен прилог.

„Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно, свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство. Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“. Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин. Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите.“, пишува Силјановска Давкова.

Ваквата реакција на Силјановска следува откако на социјалните мрежи се појавија коментари дека нејзиниот син се однесува девијантно и субкултурно, додека Силјановска Давкова влегува во кампања за иден шеф на државата. Истовремено други на тоа гледаат позитивно со коментар дека парите од случајните минувачи потоа им ги дава на сиромашните деца.

Силјановска вели дека е горда на својот син кој не живее во расипништво и луксуз како семејствата на корумпираните политичари.