Дома Балкан Еди Рама во тешка состојба – итно префрлен со чартер лет во...

Еди Рама во тешка состојба – итно префрлен со чартер лет во Берлин

Loading...

Албанскиот премиер Еди Рама итно е префрлен во болница во Берлин поради проблеми со срцето, објавија албанските и косовските медиуми.

– По прединфарктната состојба која Еди Рама ја преживеа во Тирана беше хоспитализиран, а подоцна транспортиран во Берлин со чартер лет.

Сите забележаа дека Еди Рама не е во добра здравствена состојба при неговиот говор во Берат, кога тој не можеше да ги среди речениците, наведува порталот syri.net.

Според истиот извор, неговата состојба се влошила, а неколку часа подоцна тој бил итно хоспитализиран во Тирана, бидејќи имал прединфарктна состојба.

– Од понеделникот тој е хоспитализиран во Берлин. Причина за неговиот престој во Германија е неговата здравстена состојба, а не од друг причини, наведува порталот.

Loading...