Дома Македонија Во Порта Влае му летна тркалото на комбе за превоз на патници

Во Порта Влае му летна тркалото на комбе за превоз на патници

loading...

Уште се свежи сеќавањата на страшната несреќа која се случи минатиот месец, а утринава комбе кое превезувало патници остана без тркало среде булевар во Скопска Порта Влае, што предизвика паника кај патниците и другите учесници во сообраќајот.

Настанот се случил кај кружниот тек во Ѓорче Петров, а на групата на Фејсбук „Ѕид на сообраќајниот срам“ се појави и видео.

Претходно, само пред неколку дена обвинителството откри дека преголема брзина и нецелосното функционирање на кочниците на автобусот „Дурмо турс“ е главната причина за несреќата што се случи кај Ласкарци, на 13 февруари, каде загинаа 15 лица.

Истрагата на Јавното обвинителство утврдила дека автобусот се движел со брзина од 100 км/ч, што е недозволена, по што изгубил контрола вез него.

loading...

Крајно време е државата да спроведе масовна скција за проверка на исправноста на возилата кои превезуваат патници, бидејки, со отворањето на приватни технички прегледи, ичигледно им се замижува на неисправните возила.

loading...