Дома Македонија (ВИДЕО) Рудниците во Иловица- Штука сериозен проблем – синоќа тензично, за влакно...

(ВИДЕО) Рудниците во Иловица- Штука сериозен проблем – синоќа тензично, за влакно избегнат посериозен инцидент

Статус на Крум Велков:

“На синоќешниот собир во хотел Цар Цамуил во Банско, за малку ќе дојдеше до посериозен инцидент помеѓу обезбедувањето на компанијата и активистите против рудникот Иловица-Штука.

Без никаква причина, обезбедувањето најпрви се обиде вербално да ги отстрани активистите кои мирно протестираа пред хотелот, а потоа, кога сакаа да влезат во салата во која се одржуваше презентацијата за рудникот (со вообичаени лаги), беа спречени, по што дојде до физички контакти со обезбедувањето, влечење, кошкање и подигнати гласови. Образложението беше дека се работи за „приватна забава“ и дека никој немал право да влезе.

Се работи за манипулација, бидејќи ако е јавен информативен собир, секој има право да присуствува и да учествува, па затоа манипулантите го форматирале собирот ѓоа приватна журка, за да не може никој да влезе и да ги разобличи. Зошто Еуромакс толку се плашат да се соочат со активистите и јавноста, ако веќе наголемо тврдат дека се транспарентни и дека рудникот ќе бил безбеден? Деновиве уште еднаш, покојзнае по кој пат, избегнаа уште едно телевизиско соочување со активистите. Зошто се кријат зад обезбедувањето?

Друга работа е фактот дека еден дел од вработените во компанијата, при влегувањето најбрутално и вулгарно им се заканувале на активистите.

Знаеме дека странските менаџери спроведуваат внатрешна пропаганда меѓу вработените, во стилот „активистите ви го земаат лебот“, што е очигледно подбуцнување, а со оглед на тоа дека таму работат некои со темелно измиени мозоци, нема да е изненадување ако некој од нив се обиде да предизвика инцидент, што би имало недогледиви писледици.

Друга работа е што од поканетите 250 души на бесплатно јадење и пиење, присуствувале само околу 150, од кои добар дел вработени во компанијата и нивните семејства. Брутална лага е дека присуствувале 500 души, салата едноставно нема таков капацитет. Очигледно, никој не им верува веќе.

ЕУРОМАКС РИСОРСИС ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА АГРЕСИЈА И НЕРВОЗАНа синоќешниот собир во хотел Цар Цамуил во Банско, за малку ќе дојдеше до посериозен инцидент помеѓу обезбедувањето на компанијата и активистите против рудникот Иловица-Штука. Без никаква причина, обезбедувањето најпрви се обиде вербално да ги отстрани активистите кои мирно протестираа пред хотелот, а потоа, кога сакаа да влезат во салата во која се одржуваше презентацијата за рудникот (со вообичаени лаги), беа спречени, по што дојде до физички контакти со обезбедувањето, влечење, кошкање и подигнати гласови. Образложението беше дека се работи за „приватна забава“ и дека никој немал право да влезе. Се работи за манипулација, бидејќи ако е јавен информативен собир, секој има право да присуствува и да учествува, па затоа манипулантите го форматирале собирот ѓоа приватна журка, за да не може никој да влезе и да ги разобличи. Зошто Еуромакс толку се плашат да се соочат со активистите и јавноста, ако веќе наголемо тврдат дека се транспарентни и дека рудникот ќе бил безбеден? Деновиве уште еднаш, покојзнае по кој пат, избегнаа уште едно телевизиско соочување со активистите. Зошто се кријат зад обезбедувањето?Друга работа е фактот дека еден дел од вработените во компанијата, при влегувањето најбрутално и вулгарно им се заканувале на активистите. Знаеме дека странските менаџери спроведуваат внатрешна пропаганда меѓу вработените, во стилот „активистите ви го земаат лебот“, што е очигледно подбуцнување, а со оглед на тоа дека таму работат некои со темелно измиени мозоци, нема да е изненадување ако некој од нив се обиде да предизвика инцидент, што би имало недогледиви писледици. Друга работа е што од поканетите 250 души на бесплатно јадење и пиење, присуствувале само околу 150, од кои добар дел вработени во компанијата и нивните семејства. Брутална лага е дека присуствувале 500 души, салата едноставно нема таков капацитет. Очигледно, никој не им верува веќе.Ова се јасни симптоми на се поголемата нервоза на компанијата пред конечната одлука за рудникот. Ако сметале дека ќе ги заплашат активистите, многу се излажале. Агресивното однесување едноставно го примивме како позитивен сигнал. Инаку, овојпат се собраа најмногу наши активисти за ваков настан досега, од многу села, што е јасен знак дека Иницијативата на отпорот се шири, и претставува стимул за претстојниот Протестен марш во Босилово, во организација на младите од Иловица и Штука на 24 март 2019.РУДНИК НЕМА ДА ИМА!П.С. Со тужбите, што бидна?

Публикувахте от Krum Velkov в Неделя, 17 март 2019 г.

Ова се јасни симптоми на се поголемата нервоза на компанијата пред конечната одлука за рудникот. Ако сметале дека ќе ги заплашат активистите, многу се излажале. Агресивното однесување едноставно го примивме како позитивен сигнал.

Инаку, овојпат се собраа најмногу наши активисти за ваков настан досега, од многу села, што е јасен знак дека Иницијативата на отпорот се шири, и претставува стимул за претстојниот Протестен марш во Босилово, во организација на младите од Иловица и Штука на 24 март 2019.

РУДНИК НЕМА ДА ИМА! П.С. Со тужбите, што бидна?”

loading...