Дома Магазин Македонската пејачка открива: Името го добила по руска принцеза

Македонската пејачка открива: Името го добила по руска принцеза

loading...

Една од ретките работи што нè следи цел живот е името. Секое има посебно значење кое во најголем дел ја опишува личноста која го носи. Интересна приказна на оваа тема има младата пејачка Ања Ветерова.

„Крстена сум по последната руска принцеза Анастасија која нагалено ја викале Ања, Ањyска. Бидејќи сум родена во август, мајка ми криејќи се од сонцето последните денови од бременоста ги поминувала дома на ладно, гледајќи филмови.

Омилен ѝ бил анимираниот „Анастасиа“ и карактерот на малата принцеза многу ѝ се допаднал. Како што ми има раскажувано, првпат кога ме видела, кога ме земала во раце, мојот поглед, обликот на очите ја воодушевил и во нив препознала некои особини од Анастасиа“, раскажува Ветерова.

Ветерова пред девет години ја претставуваше Македонија на „Детски Евросонг“. Уште како дете имаше можност да соработува со врвни имиња од домашната естрада. Освен со Калиопи, таа сними дует со битолскиот состав „Паркети“.

loading...

Целата сторија проследете ја на: „Женски магазин“

loading...