Дома Балкан Ќе паѓа ли власта во Србија – демонстранти влегоа во РТС

Ќе паѓа ли власта во Србија – демонстранти влегоа во РТС

loading...

Група демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград. Според неофицијалните информации, прв во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ.

Полициска екипа специјалци брзо реагирала за да го спречи хаосот. Агенцијата Бета јавива дека во РТС има и полицајци со опрема за растерување демонстрации. Вратата на зградата на српската државна телевизија е искршена, јавува Б92.

Учесниците на протестот „Еден од 5 милиони“ ја опколија зградата на Радио-телевизија Србија во Белград вечерва околу 19 часот и на тој начин ја почнаа блокадата која треба да трае два часа.

Пред зградата на РТС е паркиран камион од кој почна емитувањето на „Дневникот на слободна Србија“ во текот на кој граѓаните се повикани на голем протест на 13 април во Белград и беше повторено барањето до градоначалникот Горан Весиќ да ги отстрани оградите поставени за изградба на жичница до вторник, 19 март до 18 часот, или во спротивно граѓаните самите тоа ќе го направат, бидејќи нема да дозволат сечење на дрвјата.

loading...
loading...