Дома Македонија Ветено – сторено: Митко Јанчев ќе го гасифицира Кавадарци ова лето

Ветено – сторено: Митко Јанчев ќе го гасифицира Кавадарци ова лето

Едногласно кавадаречкиот совет денеска во рамки на 22-та редовна седница донесе одлука за започнување на постапка за гасификација на Кавадарци.

Изготвувачите го презентираа идејниот проект пред советниците. Беше речено дека реално е да се очекува до јули Кавадарци да добие гас.

Преку дистрибутивен центар со гас ќе се снабдуваат домаќинствата и останатите индустриски објекти. Објектите повисоки од 7 ката нема да можат да се гасифицираат на стандарден начин. Ќе биде изградена 22 километарска мрежа, а проектот за гасификација ќе ја чини општината два милиони евра.

Со воведување на гасот како енергенс, општината ќе има повеќе бенефити, а најважни се намалувањето на загадувањето на воздухот, поевтина енергија и добивање поголема енергетска ефикасност.

Едногласно советот на денешната седница ги усвои годишната сметка на буџетот и годишниот извештај за работењето на општина Кавадарци во минатата година.

Едногласно поминаа сметките на основните и средните училишта, детската градинка, музеј галерија, библиотека „Феткин“, додека на домот на културата годишната сметка беше усвоена со 10 гласа „За“ и 8 „против“.

Советниците донесоа одлука да се субвенционира набавката на велосипеди. Ќе се доделуваат средства од буџетот до 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.

loading...