Дома Македонија Прислушувањето во Македонија не е минато: Во моментов се следат 180 броеви

Прислушувањето во Македонија не е минато: Во моментов се следат 180 броеви

Уредите на агенцијата ОТА во моментов снимаат разговори од над 180 телефонски броеви.

Нивното следење е со наредба од Врховниот суд и основните судови а најголем дел по барање на Управата за безбедност и контра-разузнавање како и Бирото за јавна безбедност.

Тимот на ОТА брои 22-ца вработени.Директорот на агенцијата вели дека во следниот период е можно вработување на уште неколкумина но и дека со постојната бројка се покриени сите работни позиции.

Според етимологијата, глаголот прислушкува во нашиот речник е дефиниран со две значења: насочува внимание, се обидува нешто да слушне и тајно слушање или прислушкување туѓи/приватни разговори со помош на апарати. Значи, ако пораката јавно се емитува во етерот, преку Интернет или во друга форма, според дефиницијата тоа не се смета за прислушкување.

Кај нас „бомбите“ се однесуваат на тајно слушање и запишување туѓи разговори без дозвола на институциите и без информирање на државните органи. Истовремено, според опозицискиот СДСМ прислушкувани биле над 20.000 граѓани. Ако се има предвид дека вкупниот број на население на РМ заклучно со 31.12.2014, според Државниот завод за статистика изнесува 2 069 172, тоа значи дека речиси 1 отсто од населението во нашата држава било прислушкувано.

loading...