Дома Македонија Од следната недела „Визер“ со две нови дестинации од Македонија

Од следната недела „Визер“ со две нови дестинации од Македонија

loading...

Од наредната седмица стартуваат првите летови на нововоспоставените директни линии на релација Охрид – Малме и Охрид – Милано, што ќе ги реализира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

В понеделник на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе слета првиот авион од Малме, додека ден подоцна во вторник ќе биде воиспоставена и директната авионска врска на Охрид со Милано.

Предвидено е летовите на двете линии за време на летната туристичка сезона да се реализират двапати седмично и тоа до 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела, додека летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Согласно договорот потпишан меѓу Владата и „Визер“, авиокомпанијата е обврзана од јули да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.

loading...
loading...