Дома Македонија Мицкоски: Ја прифаќам понудата од Заев

Мицкоски: Ја прифаќам понудата од Заев

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја прифаќа понудата за дебата со претседателот на Владата Зоран Заев на телевизијата „Канал 5“, објави на фејсбук.

Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност. Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања, објави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ го повикува Заев дебата да се случи што е можно поскоро и на неа да се разговара за актуелните теми.

Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.Добро е што по две…

Публикувахте от Hristijan Mickoski в Четвъртък, 14 март 2019 г.

Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!, порачува Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави видео на кое јасно се гледа дека власта соочена со пораз е се повеќе нервозна.

-Власта соочена со пораз се повеќе е нервозна.

Четири луѓе, со различни изјави за тоа колку Пендаровски е безбеден.

Погледнете го Заевизмот на дело: кажувам, заборавам, негирам…, објавува Мицкоски во својот пост каде има и видео од изјавите, погледнете.

loading...