Дома Економија Миле Зечевиќ и Игор Камбовски независни – избран нов надзорен одбор на...

Миле Зечевиќ и Игор Камбовски независни – избран нов надзорен одбор на Стопанска Банка Битола

Дејан Панделески, сопственикот на Пелистерка, Иванчо Велјановски, Александра Радевска Илија Тозија, Игор Камбовски и Миле Зечевиќ се новите членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Камбовски и Зечевиќ се избрани како независни членови на Надзорниот одбор.

Одлуката за избор на новиот Надзорен одбор на банката е донесена вчера на Собрание на акционери и е објавена на Македонска берза.

Зечевиќ инаку е советник на премиерот Зоран Заев за адвокатски услуги, а за член на Надзорниот одбор во банката го предложи „Пелистерка“ .

Челновите на Надзорниот одбор имаат мандат од 4 години. За својата работа ќе бидат наградени месечно со 50 илјади денари. Претседателот на Надзорниот одбор месечно ќе добива по 60 илјади денари.

loading...