Дома Македонија Иванов пред заминување од функцијата преку синот се подновил за два стана...

Иванов пред заминување од функцијата преку синот се подновил за два стана на Водно

loading...

Претседателот на државата во заминување Ѓорге Иванов, купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син.

Во катастарската документација, до која дојде Телевизија 24, со барање за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, стои дека за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба. Телевизија 24 беше на местото каде за неколку месеци ќе се вселат Иванови. Зградата се уште не е официјално завршена. Мајсторите ги финишираат поправките и според проектот, таа ќе биде пуштена за вселување за еден месец.

Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата Салвадор Аљенде. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен. Мансардата е на две нивоа, со големи стаклени ѕидови од каде се гледа целиот град.

Покрај двата стана, во сопственост на синот на претседателот е и гаража од 23 метри квадратни. Дел од соседите велат дека новите станови редовно доаѓале да ги видат првата дама и нејзиониот син.

loading...

Претседателот поретко. Но него често пати го забележувале како ја набљудува зградата заедно со неговото обезбедување од спротивниот рид, каде што практично завршува и дворот на претседателската палата.

Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.

Целата сториј проследте ја на ТВ 24.

loading...