Дома Македонија Горивата може да поскапат и до 40 проценти, бидејќи Иванов не го...

Горивата може да поскапат и до 40 проценти, бидејќи Иванов не го потпишал законот за регулаторна

Ако до 8 мај не стапат во сила измените во Законот за енергетика, Регулаторната комисија нема да може да ја одредува цената на нафтените деривати, што ќе доведе до поскапување на цените на горивата за 20% до 40%.

Имено, тогаш истекува Договорот за утврдување цени за малопродажба на деривати со Окта и за да не дојде до присилна либерализација на пазарот.

Регулаторна бара да се потпишат законските измени за да може да донесе нова методологија и да ги заштити граѓаните од ценовен шок.

Законот за енергетика е дел од пакетот закони што претседателот Ѓорѓе Иванов ги врати во парламентот поради тоа што на нив стои новото име на државата.

Од парламентот веќе најавија дека законите ќе бидат прегласени до 1 април, а веројатно веднаш потоа ќе бидат објавени во службен весник само со потпис на собранискиот спикер Талат Џафери.

Извор: 365

loading...