Дома Македонија Две македонски студентки измамени од скопска туристичка агенција: Посетата на Истанбул за...

Две македонски студентки измамени од скопска туристичка агенција: Посетата на Истанбул за заборав

Две студентки од Македонија, кои изминатиов викенд решиле да го поминат во Истанбул, наместо релаксирачко тридневно патување, доживеале хорор-искуство. Платиле по 230 евра од човек за повратна авионска карта Скопје – Истанбул – Скопје и за три ноќевања во хотел во градот. Но, наместо тоа што им биле ветено, добиле авионска карта во само еден правец.

Сè почнало откако одлучиле да платат аранжман преку „Одмори се“, бидејќи само тие имале слободни аранжмани за еден од најбукираните викенди во туристичките агенции, бидејќи се поклопи со празникот 8 Март. Комуникацијата ја воделе со извесен Влатко Трајковски, кој на телефонскиот повик се претставил како вработен во Друштвото за туризам и услуги „Одмори се травел“ ДООЕЛ.

Тој им рекол дека во цената е вклучена повратна авионска карта со авиокомпанијата „Пегасус“ и платени три ноќевања во хотелот „Алепх“ во Истанбул. Трајковски им побарал парите да ги уплатат на жиро-сметка со назнака „патување во Истанбул“, што тие го сториле. Но тој не им дал никаков потпишан договор во врска со патувањето.

Затоа, пак, во цената од 230 евра им вклучил и дополнителен багаж. Првиот сомнеж дека се можеби жртви на измама им се јавил кога по електронски пат ги добиле билетите, на кои било погрешно напишано презимето на една од патничките, но добиле ветување дека грешката ќе биде исправена.

Како што раскажуваат нашите соговорнички (чиј идентитет е познат на редакцијата „Независен весник“), сомнежите им се засилиле при пристигнувањето на скопскиот аеродром. Имено, при чекирањето на билетите, им било кажано дека немаат платено за дополнителен багаж, па морале на самото место да доплатат дополнителни 20 евра.

– Мислевме дека е техничка грешка и дека е возможно да се случи. Го контактиравме Влатко, а тој тврдеше дека е невозможно да не е платено бидејќи за дополнителниот багаж му доплативме една недела пред патувањето. Сепак, се сложивме да платиме бидејќи тој ни вети дека тие пари ќе ни ги врати – раскажува едната студентка.

Целата сторија проследете ја на „Независен“

loading...