Дома Економија Сто евра месечно пензија за лицата кои немаат стаж – плус илјада...

Сто евра месечно пензија за лицата кои немаат стаж – плус илјада денари во зимските месеци

loading...

Во развиениот свет е практика лицата без социјална сигурност да добиваат одреден надомест со кој ќе ги покриваат животните трошоци.

Законот кој е предложен во парламентот на Република Северна Македонија и со кој ќе се овозможи лицата постари од 65 години кои немаат доволно или воопшто работен стаж, а се без приходи, да добиваат джавна пензија од 6.000 денари месечно влезе во Собранието, пишува Вечер.

Со Законот за социјална сигурност на постари лица кој пратениците ќе го гласаат во скратена постапка ќе бидат опфатени само граѓнаните чиј брачен или вонбрачен партнер, исто како нив, не зема редовна пензија и нема друг приход.

Пензијата која на почеток ќе изнесува 6.000 денаи еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот, а лицата кои ќе остварат право на неа во зимските месеци додека трае зимската сезона ќе добиваат и надомест од по 1.000 денари.

loading...

Социјалната пензија нема да ја исплаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку центрите за социјални работи.

Најниската редовна пензија која се остварува со најмалку 15 години стаж изнесува 8.800 денари и е само за 2.800 денари поголема од социјалната.

loading...