Дома Магазин Околу разводот и новата врска се огласи музичарот Коки Јанков

Околу разводот и новата врска се огласи музичарот Коки Јанков

loading...

Во месец септември минатата година, медиумите објавија дека по десет години брак, музичарот Коки, кој беше дел од дуото Дуле и Коки и неговата сопруга се разведуваат. За Женски магазин, тогаш Росана не ги негираше, ниту ги потврди гласините дека на бракот со Коки му доаѓа крајот.

„ За мојот приватен живот, немам коментар. За сите мои професионални ангажмани ви стојам на располагање“, ни изјави Росана пред два месеци.

На многу од јавните настани на кои портпаролката присуствува, таа доаѓа сама, без сопругот. И Коки на музички промоции и на концерти, исто така се појавува во друштво на пријатели.

Таа и Коки се запознале пред 17 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Коки со покојниот колега Дуле, гостувал во емисијата „Утринско огледало“.

loading...

Коки Јанков вчера беше контактиран од водителите на емисијата Ексклузив на 1ТВ. На нивното прашање зошто се разведува по десет години брак, Коки им одговори:

Не сакам да се враќам на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плачковци.
Јанков во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и информацијата дека веќе неколку месеци е во врска со адвокатката Маја Парговска, која е негова поранешна девојка, пред да се запознае со Росана.

Коки и Маја биле во врска четири години, по што се разделиле и двајцата запловиле во брачни води со други партнери, но сега се и двајцата слободни, односно разведени.

loading...