Дома Свет Игор Александров од Австралија: Жалам што некои луѓе што сум ги почитувал,...

Игор Александров од Австралија: Жалам што некои луѓе што сум ги почитувал, сега ги заведуваат Македонците

Статус на Игор Аврамовски Александров:

“Жалам што некои луѓе кои сум ги почитувал како здравоумни родољуби денес со емотивни манипулации го заведуваат народот дека соучеството во претседателските избори на нелегитимната, репресивна и антимакедонска ‘Северна’ дивотворба е некаква патриотска должност, кога е сосема спротивното.

Тешко ми е со сигурност да проценам дали тоа им е од неукост, невнимавање на деталите, неразбирање на концептот држава чиј суверенитет лежи во граѓаните, за разлика од народ кој е постар и има пофундаментални вредности од современиот концепт на држава, или од нечесен опортунизам и желба да бидат популарни во одредени кругови.

Како и да е, тешко дека некогаш ќе ми се врати довербата во нивниот капацитет за расудување или во нивната принципиелност.”

loading...