Дома Балкан (ФОТО) Ана Николиќ замената за Раста ја пронајде во Македонец

(ФОТО) Ана Николиќ замената за Раста ја пронајде во Македонец

Познатата пејачка од Србија, Ана Николиќ по разводот се одлучи за нови промени на себе. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографии од нејзината нова боја на коса, но и како напорно вежба во теретана. Вишокот килограми таа најмногу ги доби по породувањето со ќерката Тара пред година и половина.

Во меѓувреме пејачката откри и дека работи на нов материјал и тоа со нашиот Дарко Димитров за кого рече дека е човекот кој одамна го барала, а објави и неколку нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Пред извесно време во медиумите српските медиуми се пишуваше дека Ана Николиќ, поднела барање за старателство над ќерката Тара која пред една година ја доби со раперот Стефан Ѓуриќ – Раста.

Медиумите наведуваат дека односот меѓу овој популарен пар не се подобрил и единствен начин преку кој тие комуницираат се адвокатите и судот.

Се шпекулира дека Ана бара ќерката да и припадне во целост, додека Раста би можел да ја гледа повремено, зависно од одлуката која ќе ја донесе судот. Пејачите не се огласија во врска со овие информации, а нивниот адвокат не сакал да открива никакви детали.

loading...