Дома Свет Големи турбуленции на летот Истанбул – Њујорк, авионот синоќа слетал на ЏФК...

Големи турбуленции на летот Истанбул – Њујорк, авионот синоќа слетал на ЏФК со 32 повреедени

loading...

На препораките за безбедност при патување, кои ги објаснуваат стјуардите пред полетување, најчесто сите од нас не им даваме особено внимание. Но доколку се почитуваат, можат да ве спасат.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој вчера слета во Њујорк, поради огромните турбуленции од неговите патници повредени се 32. Авионот летал на редовна линија од Истанбул до Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на аеродромот Џон Кенеди.

Десет повредени патници се пренесени во болница, а на другите им е пружена помош на аеродромот. На едниот од патниците му била скршена ногата, а повеќето патници биле исечени по телото и имале модрици по телото.

Поради што настанале турбуленциите се уште не е познато, а од Њујоршкиот аеродром се уште нема изнесено детални информации за случајот.

loading...

Се претпоставува дека повредените најверојатно не ги почитувале препораките за врзување на појасот при турбуленција или спиеле, па од силната турбуленција се одвоиле од седиштето и се повредиле.

loading...