Дома Останато Ана Јовковска: Јас сум од Скопје, Абулена е од Кичево – и...

Ана Јовковска: Јас сум од Скопје, Абулена е од Кичево – и двете сме феминистки

Статус на Ана Јовковска:

“Јас сум Ана. Таа е Албулена. Јас сум од Скопје. Таа е од Кичево. Јас сум новинарка. Таа е мировна активистка. Јас сум мајка. Таа е тетка. Јас зборувам за предрасуди. Таа ги осетила на своја кожа.

Јас се борам да се слушнеме. Таа знае да слуша. Јас одбивам да патронизирам. Таа едуцира наместо да суди. Јас повикувам на заедништво. Таа знае како е да си малцинство. Јас се солидаризирам со послабите.

Таа ги зајакнува обесхрабрените. Јас се плашам да ја скратам мојата долга “женска” коса. Таа ја ишиша својата коса за да ја донира за болните жени од рак. Јас сум тажна. Таа е тука да ме крене.

Таа е уморна. Јас сум тука да се одмори.Таа е жена. Јас сум жена. Јас сум феминистка. Таа е феминистка. Да живее женската солидарност! Да ја градиме како мостови кои не се рушат!”

loading...