Дома Македонија Ванковска: Доколку седите дома и бојкотирате, Стево ќе го забетонира новиот инженеринг

Ванковска: Доколку седите дома и бојкотирате, Стево ќе го забетонира новиот инженеринг

Статус на Билјана Ванковска:

Со ваквите изјави, и на Пендаровски и на Димитров и на сите останати, она што досега беше изградено (колку и да беше далеку од успешно или комплетно) на планот на македонскиот демос, сега се урна и се сведе на етнос!

Македонците „конечно“ се изедначија со Албанците, Ромите, Турците, Србите, итн. Според „генијалциве“ кои го „зацврстија“ идентитетот, продавката македонско/македонски има исклучиво ЕТНИЧКИ предзнак, па како таква ќе се употребува ограничено – само кога се работи за македонската етничка заедница (сори, ама таков е статусот фактички).

Сега можете да си ја репризирате дебатата на Колозова (на Алфа гостувавме заедно минатото лето) во кое го тврдеше обратното и се обиде сите да не’ направи националисти.

Поентата е во тоа што после една историска епизода, која траеше од 1944-2019, Македонците го изгубија правото на самооопределување како народ, а на сцена треба да стапат или како „граѓани на ???“ или да исчезнат!

Сега јасно ви е зошто мораа да го редефинираат АСНОМ? Оној АСНОМ извојуван со крвта на сите наши предци!

А вие и натаму седете си дома и бојкотирајте, овој ќе го „бетонира“ новиот инженеринг. Останува само уште жолти ѕвезди да ни залепат на ракавите и на туширање да не однесат нас кои се спротивставуваме…