Дома Останато На Дивна во саботата и се слошило и ја повратиле, во неделата...

На Дивна во саботата и се слошило и ја повратиле, во неделата веќе не можеле

Ден пред да почине, познатата новинарка и радио-водителка Дивна Карлеуша, била во многу лоша состојба, пишува српски „Курир“.

„Ѝ се слоши во саботата и веќе од тогаш постои страв од најлошото. Брзата помош брзо стаса, а на Јелена не сакаа ништо да ѝ кажуваат затоа што веќе имала закажан настап во Австрија.

Меѓутоа, во неделата, брзата помош не стаса да ѝ помогне на Дивна, лекарите само констатирале смрт. Не можевме да ја спасиме. Страшно е ова што се случи“, изјави извор близок до семејството за „Курир“.

Дивна е погребана вчера во Белград, а срспките медиуми пренесоа дека на нејзината ќерка Јелена која била многу врзана за мајката ѝ се слошило на погребот.

Како новинарка и водителка, Дивна Карлеуша првите чекори во професијата ги направила во информативната редакција на Радио 202. Подоцна повеќе била фокусирана на естрадните случувања.

– Имав работа која ми причинуваше задоволство, но и голем замор. Кога работев, Јелена ја чуваа мајка ми и тетка ми. Не беше темпото на работа причина за мојот развод. И мојот поранешен сопруг имаше специфично занимање.

Звучи како фраза, но некомпатибилноста на нашите карактери доведе до разидување по седум години заеднички живот. Сфативме дека подобра варијанта е добар развод отколку лош брак. Денес тој има прекрасен брак, преубава жена и два сина кои се преслатки – објасни Дивна во едно интервју.

loading...