Дома Останато (ВИДЕО) Ана е од Австралија, а она што и го приредил нејзиниот...

(ВИДЕО) Ана е од Австралија, а она што и го приредил нејзиниот дечко заслужува сценарио за филм

loading...

Стана тренд во светот, да се смислуваат најразлични интересни начини за запросување на девојката. Сведоци сме и кај нас на интересни видеа на кои инвентивни млади момци ги изненадуваат своите девојки.

Австралијанецот Тери направил огрлица и и ја подарил на својата девојка. На огрлицата имало дрвен привезок, а во него – веренички прстен.

Ана година дена немала појма дека прстенот се наоѓал таму, а сè се променило после патувањето во Шкотска. Тогаш, Тери од Ана побарал да ја извади огрлицата за да ја фотографира.

Кришум го отворил дрвениот привезок, ја наместил камерата и тргнал да и ја врати огрлицата. Клекнал пред неа и и покажал што се наоѓа во привезокот кој околу врат го носела година дена.

„Застана збунета неколку секунди, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа кажа ’да’ “, раскажал романтичниот дечко.

Тери вели дека кога Ана се смирила, го прашала дали прстенот цело време бил внатре, а потоа му рекла: „Можев да го изгубам, идиоте“.