Дома Економија Трк на бензинска – од утре горивата поскапуваат

Трк на бензинска – од утре горивата поскапуваат

loading...

Во втората половина од минатата година имаше извесна стабилизација и постојан пад на цените на горивата во нашата држава.

Вредно е да се истакне дека регулаторната комисија за енергетика ги следи светските берзи за нафта и врз основа на движењето на цената на глобално ниво, еднаш на две недели ја определува највисоката цена во нашата држава.

Бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Од полноќ, дизелот ќе биде поскап за 1 денар. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата седница.

Според тоа, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи за 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 66,5 денари.

loading...

Литар дизел од полноќ ќе чини денар поскапо и ќе се продава по цена од 61 денар.

loading...