Дома Македонија Пратеникот на СДСМ, Костов: За мојата сопруга 11 години немаше работа на...

Пратеникот на СДСМ, Костов: За мојата сопруга 11 години немаше работа на струка, поради партиска неподобност

Благодарам на прашањето, со задоволство ќе Ви одговорам, госпогице Наталија Миновска иако Вашиот ФБ профил е лажен.

Мојата сопруга Вера Костова е вработена во Детската градинка Павлина Вељанова Кочани на работно место воспитувач со месечна плата од 19.000,00 денари.Работниот однос го заснова на почетокот на месец Мај по јавен оглас.

Истата е лице за контакт на клонот ѕвездички и за тоа нема дополнителна награда.Мојата сопруга беше член на управниот одбор на градинката но по засновањето на работниот однос во градинката поради судир на интереси, си поднесе оставка од функцијата член на управниот одбор.

Инаку на предлог на мојата сопруга престана да се исплатува надомест на членовите на управниот одбор, кој иако беше симболичен до тогаш се исплаќаше, на членовите на советот.Инаку мојата сопруга е вработена на струката и е м-р по образовен менаџмент со тема од областа на предучилишното образование.

За мојата сопруга 11 години немаше работа на струка, поради партиска неподобност.Повелете ако уште нешто друго сакате да прашате, Ви стојам на располагање за се што Ве интересира.

Но се надевам нема да ги бришете моите коментари, па нели Вие сте демократи,зошто се служите со такви комунистички методи.