Дома Македонија Откриено зошто претседателот Ѓорѓе Иванов не се појави пред Владата при подигање...

Откриено зошто претседателот Ѓорѓе Иванов не се појави пред Владата при подигање на знамето на НАТО

loading...

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за Телма соопштија дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада. Но, од Владата велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет.

Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија беше кренато знамето на НАТО.

-Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја, рече премиерот Заев на церемонијата пред Владата по повод кревањето на знамето на НАТО.

Тој истакна дека денес со сигурност кажуваме дека нашата татковина е на вистински пат кон прогресот и непречен развој.