Дома Магазин Не било за џабе негодување: Министерството за култура призна дел од грешките

Не било за џабе негодување: Министерството за култура призна дел од грешките

Комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност утврдила дека направила пропуст со апликацијата за детскиот фестивал „Златно Славејче“.

Претседателот на комисијата Плеурат Гаши вели дека првично утврдиле дека апликантот немал потврда за простор каде ќе се одржи фестивалот, но со повторената проверка заклучиле дека таков документ бил уредно доставен.

„Човечки е да се згреши, ние згрешивме во одбивањето на пријавата на фестивалот Златно славејче. Фестивалот имал целосна документација и ќе добие пари од Министерството за култура“, рече денес Плеурат Гаши, претседателот на Комисијата за фолклор и музичко-сценска дејност при Министерството.

Дека нема целосна документација покажала и новата проверка на апликациите на Скопски џез фестивал, Оффест, фестивалот Пеце Атанасовски и неколку други.

Доколку министерството одлучи да го пролонгира периодот во кој би ги комплетирале документациите, комисијата повторно ќе ги разгледа.

Комисиите за драмска дејност и за визуелни уметности, архитектура и дизајн го завршиле преразгледувањето на одбиените апликации и остануваат на истиот став во однос на распределбата на буџетот за проекти.