Дома Македонија Кој кого лаже: Од Влада велат дека Иванов бил поканет

Кој кого лаже: Од Влада велат дека Иванов бил поканет

Од Владата на Македонија се огласија по информацијата дека Ѓорѓе Иванов своето отсуство од свеченоста за подигањето на знамето на НАТО, го оправда со тоа дека не бил повикан

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за Телма соопштија дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.

Но, од Владата велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет.

Беше поканет официјално преку курирска служба и преку електронска пошта“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Спротивставените тврдења од Кабинетот на претседателот и од Владaта го оставаат отворено прашањато дали Иванов не ја добил поканата за церемонијата, не била испратена или, пак, тој одлучил да не присуствува пред платото на Владата.