Дома Македонија (ВИДЕО) Утрово се извади натписот „Влада на Република Македонија“, а Заев велеше...

(ВИДЕО) Утрово се извади натписот „Влада на Република Македонија“, а Заев велеше дека нема

Написот „Влада на Република Македонија“ од утрово го нема на владината зграда. Од Владата појаснуваат дека буквите биле отстранети рано утринава бидејќи, како што велат, на платото пред Владата во текот на денот ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето.

Новиот натпис, пак, ќе биде поставен на владината фасада откако во Службен весник ќе биде објавено дека Грција ги ратификувала Договорот од Преспа и протоклот за членство на Македонија во Алијансата.

Буквите од влезот на Владата (горе) се извадени во рамки на подготовките за употребата на новото уставно име на државата. Промената е направена рано утрово бидејќи во текот на денот предвидени се подготвителни активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред Владата“, велат од Влада.

Но, на оваа тема, премиерот Зоран Заев до неодамна имаше поинакви ставови, но како и сите досега – не ги задржа.

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени. Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме, истакна Заев во едно интервју.

Извор: Република