Дома Македонија Сега и официјално: Првата кандидатура на повикот на СДСМ за претседател на...

Сега и официјално: Првата кандидатура на повикот на СДСМ за претседател на Република Македонија

loading...

Ѓорѓи Филипов, екс амбасадорот на Македонија во неколку земји, е новиот кандидат за претседател од редовите на СДСМ. Филипов во минатото беше амбасадор на Македонија на Берлин, Виена, Јапонија и Словачка.

ТВ21 денеска разговараше со Филипов кој ја потврди информацијата.

„Поднесов кандидатура на повикот на СДСМ за претседател на Република Македонија. Очекувам СДСМ да ги разгледа сите кандидатури, и да донесе правилна одлука“, изјави меѓудругото новиот и прв кандидат за претседател од редовите на СДСМ.

Конечната одлука за претседателскиот кандидат на владеачката партија, ќе биде донесена на Конгресот на 3. март.

Името на Филипов е изненадување сооглед на тоа што досега не се споменуваше во медиумите. Останува да видиме дали ќе успее сооглед на тоа што конкуренцијата ќе биде голема