Дома Македонија Пред неколку минути Ѓорѓи Филипов ја потврди кандидатурата за Претседател

Пред неколку минути Ѓорѓи Филипов ја потврди кандидатурата за Претседател

loading...

Статус на Ѓорѓи Филипов:

Драги пријатели, Чест и задоволство ми е да ја споделам веста и со вас, мои пријатели на социјалните мрежи, дека денеска, 11.февруари 2019 година, поднесов Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија, на отворениот повик за претседателски избори за 2019. година на СДСМ.

Одлуката ја донесов во консултација со најблиските, со членовите на моето семејство, а да признаам дека иницијативата беше и на многу мои пријатели, познаници, колеги од Македонија и надвор од неа, кои ме познаваат, кои веруваат во моите капацитети, знаења и искуство и сметаат дека оваа одговорна задача ќе можам успешно да ја обавувам за доброто на сите граѓани на Република Македонија.

По тој повод, денеска оддржав пресконференција за новинарите и медиумските куќи на која ја претставив мојата визија за развојот на Република Македонија после мојот избор. Освен со визија, имам и план и стратегија за остварување на истата.

Со голема самодоверба тврдам дека знам, умеам и можам да ја реализирам мојата визија за европска Македонија.
Воедно, ве известувам дека вечерва во 20.00 часот ќе гостувам во Дневникот на 1ТВ, како гост на Борјан Јовановски.