Дома Македонија Мицотакис: Никогаш нема да да му посакам добредојде на македонскиот Премиер

Мицотакис: Никогаш нема да да му посакам добредојде на македонскиот Премиер

Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, порача лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор од грчкиот град Кожани, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, на граѓаните им објасни што може да стори Нова демократија и што лично тој ќе направи откако веќе постои ратификуван меѓународен договор: ќе го искористи правото на вето на патот на нашата земја кон Европската унија, ќе се бори да ги заштити грчките македонски производи и ќе предложи силен развоен план за Северна Грција.

-Првото што ќе го направам и за кое јавно имам кажано е дека како следен премиер, доколку грчките граѓани ми дадат доверба, нема да го испуштам правото на Грција да стави вето на пристапниот процес на Скопје, доколку сметам дека не им служи на националните интереси.

И на семиолошко ниво, реков дека фразата „му посакувам добредојде на македонскиот Премиер“ никогаш нема да ја слушнете од мене. Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, рече Мицотакис.