Дома Македонија Каракамишева до вчера одеше “рака под рака” со Мицкоски, денес зборува нешто...

Каракамишева до вчера одеше “рака под рака” со Мицкоски, денес зборува нешто друго

loading...

Не многу одамна, пред само неколку месеци, на лидерските средби во клубот на пратениците, речиси постојан придружник на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, му беше професорката од правниот факултет, Тања Каракамишева.

Но од тогаш наваму, некако како да се заладија односите на ВМРО-ДПМНЕ и Каракамишева. Па така, денес таа инсинуира дека опозицијата наводно се согласиле да биде конструктивна и д излезе на избори. Професорката веројатно заборава дека основата на постоењето на партиите е нивното учество на избори.

Ваквите нејзини отворени напади кон опозицијата се заострија по промовирањето во јавноста на професорката Гордана Силјановска како можен кандидат за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

Статус на Каракамишева:

“Опозицијата им ветила на странците дека ќе учествуваат на претседателските избори и дека ќе бидат конструктивни.

Странците притискаат на избори затоа што знаат дека САМО СО ИЗБОРИ се признава новата Франкенштајн држава која не е ниту моја,ниту твоја!

Ни натокмија се, ни спроведоа сценарио од А-Ш сега фали НАШ ПЕЧАТ! НЕ СТАВАМ МОЈ ПЕЧАТ! НЕ ГЛАСАМ!”