Дома Македонија Генија од дете – пeтгодишниот Петар со своето знаење ги воодушевува сите

Генија од дете – пeтгодишниот Петар со своето знаење ги воодушевува сите

loading...

Петодишното дете Петар Кукунеш вниманието на пошироката наша јавност го привлече сооглед на тоа што ги препознава знамињата на сите земји во светот, а и повеќето главни градови. Неговиот татко Никола Кукунеш проговори за талентот на војот син.

„Петар има 5 години и е мошне весело и љубопитно дете. Од моментот кога сфати дека може да држи мобилен телефон, како и сите деца, така и тој ги гледаше неговите омилени цртани јунаци: Маша и Медо, Пепа прасето, Елса и Ана, но во исто време неговото внимание го привлекуваа видеата на кои се изучуваат формите, боите, планетите итн.

Иако не зборуваше ништо логично и препознатливо до неговата две и пол годишна возраст, ние, неговите родители, бевме пријатно изненадени кога увидовме дека тој веќе на три години чита и на англиски и на македонски јазик. Некои работи брзо ги надминуваше или му стануваа здодевни, но неговата глад за повеќе знаење не се задоволуваше со неколкуминутно објаснување на Јутјуб.

Така почна да пројавува интерес за илустрираните книги и енциклопедии. Покрај тоа што уште на четири години ги препознаваше сите знамиња на државите во светот, ги научи и државите на поголемите федерации, како што се САД, Руската Федерација, Бразил и др. и нивните главни градови. Денес неговото внимание е насочено кон границите, т.е. кои се соседите на одделни држави“, раскажува таткото на Петар за „хаштаг“