Дома Македонија (ФОТО) Славната пејачка пред „Греми“ наградите јадеше македонски ајвар

(ФОТО) Славната пејачка пред „Греми“ наградите јадеше македонски ајвар

loading...

„Пробувам да каснам нешто здраво пред црвениот тепих на “Греми”, па денеска јадам ајвар, кој го обожавам, а има и крем сирење“ „Сега одам да се спремам за наградите, вели популарната пејачја Бебе Реџа која е Албанка со потекло од Македонија.

Бебе Реџа, на “Инстаграм” откри дека јадела македонски ајвар пред доделувањето на “Греми” наградите. На масата пред неа стои полупразна тегла на која пишува “Билјана-македонски ајвар”.

Родителите на Реџа потекнуваат од Дебар и Гостивар, а таа на фановите им открива дека македонскиот ајвар е нејзиното омилено јадење.

Бебе Реџа е родена на 30 август 1989 година во Бруклин, САД од родители Албанци, со потекло од Дебар, Македонија. Таа има и американско и македонско државјанство. Започна да пројавува интерес кон музиката уште од 4-годишна возраст. Љубовта кон музиката ја продолжи и во средно училиште на Стејтен Ајланд.