Дома Македонија (ФОТО) Овчарот Марјан ја достави кандидатурата за Претседател: Очекувам 700.000 гласа

(ФОТО) Овчарот Марјан ја достави кандидатурата за Претседател: Очекувам 700.000 гласа

loading...

Пред неколку дена овчарот од село Пухче, Марјан Трајчев информираше дека планира да се кандидира за Претседател на Македонија. Еве ја сега и оргиналната кандидатура на Марјан Трајчев.

Јас Марјан Трајчев Роден на 06.09.1992 г. Поднесувам кандидатура за голема, жал и неверување на Република Северна Македонија срцето боли душата пече како никогаш до сега за мајката мила Македонија.

Ако ве предадам убијте ме ако ве издадам распарчете ме и фрлете ме на кучињата.

Одам по ликот на големиот Гоце Делчев, ако можел Никола Карев, да биде Претседател на Крушевската Република на 27 години можам и јас да бидам детето кое ќе ги слуша желбите на децата, младината, татковицте, мајките, бабите дедовците.

Очекувам во прв круг 700 000 гласови.
На ден 31.01.2019 во 14:30 часот.
Тел 070 493 924

Останува да видиме дали овој млад човек ќе успее да влезе во трката за шеф на државата.