Дома Македонија Училиште во скопско веќе 12 години нема вода – па какви се...

Училиште во скопско веќе 12 години нема вода – па какви се овие услови

Училиштето од село Смесница во општина Зелениково веќе 12 години се соочува со недостиг од вода. Поради тоа учениците не можат да ги користат тоалетите кои се изградени пред неколку години со пари од донација. Камерата ги сними новите тоалети во училиштето кои и натаму не се во функција.

„Како што се гледа од снимките, во училиштето владеат мизерни услови. Тоалетите се изградени, но не можат да се пуштат во употреба бидејќи нема вода, а тоа е основниот предуслов, и затоа се користи стариот тоалет“, изјави Исмет Саити, жител на Смесница.

Тој вели дека училиштето е запоставено и од општината. Тоа функционира благодарение на донацијата од еден Албанец кој што во 2004 година инвестирал во ова училиште.

За состојбата на училиштето, ТВ21 го праша и министерот за образование, Арбр Адеми кој што вети дека ќе го земе предвид овој случај.

Целата сторија проследете ја на ТВ21