Дома Македонија Сашко од Штип кој работи за Холивуд: Патот до моето работење и...

Сашко од Штип кој работи за Холивуд: Патот до моето работење и живеење во Лондон беше долготраен, трнлив, инспиративен

loading...

Големата љубов кон филмската уметност и пасијата кон волшебниот свет на „Хари Потер“ беа нештата – доволни да го внесат Сашко Потер Мицевски во светот на големата филмска индустрија.

Ова е Mакедонецот со инспиративна приказна, која започнува во родниот Штип, па преку Факултетот за драмски уметности во Скопје води до Националната филмска и телевизиска школа во Лондон односно филмскиот гигант Warner Bros Studio.

„Патот од Штип до моето работење и живеење во Лондон беше долготраен, трнлив, инспиративен и возвудлив“ – вели Сашко Потер Мицевски.

По неколкуте ангажмани на македонски филмски и тв проекти, како: Соба за Пијано, Преспав, Вонземјанинот Ли, Сите ќе умреме и други, покажувајќи го својот талент, Сашко ја доби шансата да работи на аудио монтажата на филмовите „Могли“ и за наго омилените „Fantastic Beasts 2“.

Целата сторија може да ја проследите на ТВ24