Дома Магазин Нашите соседи се откажаа од Евросонг: За жал немаме доволно пари

Нашите соседи се откажаа од Евросонг: За жал немаме доволно пари

loading...

Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини. Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.

Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ – се вели во соопштението.

Македонската радио телевизија како активна членка на Европската радиодифузна унија и годинава ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Тел Авив, Израел.

Македонската радио телевизија ги разгледа условите и обврските кон ЕБУ кои Јавниот сервис ги добива со потпишување на апликцијата за учество на оваа етаблирана манифестација. Истовремено ја разгледа и временската рамка на обврските и одлучи оваа година да се прифати моделот на изведувач(и) – автор(и).

Во таа насока, МРТ донесе одлука: Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019. Во моментов се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот ЕВРОСОНГ.