Дома Македонија Груевски за Никола Димитров: Мајстор за влегување под кожа, за правење лице...

Груевски за Никола Димитров: Мајстор за влегување под кожа, за правење лице – извонредна личност

loading...

Никола Груевски, eкс-премиерот во бегство во интервју за Инфомакс, истакна дека актуелниот министер за надворешни, Никола Димитров сам се понудил да биде поставен на функција во периодот кога Милошоски поднел оставка.

„Никола Димитров никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Се понуди за функција во периодот кога Милошоски поднесе оставка. Тој дојде во мојата канцеларија и кажа дека е подготвен да облече партиски дрес доколку ја добие позицијата министер за надворешни работи.

Сериозно размислив и ја донесов одлуката на таа позиција да го поставам Никола Поповски. Тој никогаш немаше партиска книшка. Димитров е извонредна личност за влегување под кожа, за правење лице, вистински мајстор за таква работа“, изјави Груевски.

Како што е познато, токму Никола Димитров се споменува како главен фаворит да биде кандидат за Претседател на Македонија од страна на владеачката СДСМ.