Дома Балкан Грците најавија дека ќе мора да се менуват и имиња на улици...

Грците најавија дека ќе мора да се менуват и имиња на улици во Македонија

loading...

Утре (понеделник) ќе биде испратена вербална нота од Атина до Скопје, кое ќе биде информирано дека започна процесот на ратификација на Преспанскиот договор и протоколот за пристап на Северна Македонија кон НАТО, со кој се започнати нејзините обврски, рече заменик-министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос, во интервју за АНА-МПА.

Тој, исто така, увери дека следната недела употребата на името Северна Македонија е задолжителна.

-Јасно е во Преспанскиот договор за ова. На сите меѓународни форуми, во сите меѓународни организации, во билатералните односи и во земјата, на пример, во сите нови документи, соседната земја ќе го практикува новото уставно име”, објасни тој.

Додаде дека ќе има ревидирање на официјалните називи од македонската страна.

– И таму ќе има систематско планирање за целосна замена на стариот со новото име во постојните документи и каде што ќе се направат дополнителни конкретни материјални дејства, именување на улица, итн.