Дома Магазин Анета Наковска: Со Спиро се бакнав првпат во авион, по девет дена...

Анета Наковска: Со Спиро се бакнав првпат во авион, по девет дена ме побара за жена

Анета Наковска која повеќе од три години е во брак со бизнисменот Спиро Крлевски конечно проговори за љубовниот живот во медиумите. Во емисијата на нејзиниот колега и пријател Драган Вучиќ, познатата фолк-пејачка откри интересни детали од приватноста.

– Со Спиро првпат се бакнавме во авион. По само девет дена ме побара за жена – раскажа Наковска.

Таа со нејзиниот партнер веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога не се во Скопје, најчесто уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти.

Во една прилика откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.

– Мојот маж заедно со Љупчо Димоски се потпишува како сценарист и режисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации. Му ветив дека отсега ќе биде задолжен за визуализирање на сите мои наредни проекти – откри пејачката.