Дома Македонија Се намалуваaт средствата: Годинава помалку пари за земјоделски субвенции

Се намалуваaт средствата: Годинава помалку пари за земјоделски субвенции

Помалку пари за дирекни субвенции на земјоделците. Годинава за таа намена одвоени се 99,8 милиони евра, што е за околу 10 милиони евра помалку од лани. Министерот Николовски објаснува дека дирекната подршка се намалу на сметка на програмата за рурален развој.

“Дел од мерките од Програмата за дирекна поддршка преминуваат да се реализираат преку програмата за рурален развој. А од Програмата за рурален развој дел од мерките оваа година не се во Програмата за рурален развој, туку ги реализираме преку ИПАРД и Европските фондови.

И тоа го покажавме и тоа се докажа дека 20 милиони евра се веќе склучени. И тоа разграничување веќе го направивме за да не може исти мерки да се финансираат и преку Програма за рурален развој и преку ИПАРД.

Е сега, ако ги собереме средствата секако дека ќе дојдеме до многу поголем износ на средства кој што влегува дирекно во земјоделството”, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.