Дома Свет Македонците ги нема ни на видик: Познато кои држави добиваат најмногу пари...

Македонците ги нема ни на видик: Познато кои држави добиваат најмногу пари од нивните иселеници низ светот

loading...

Емигрантите од Индија, Кина, Филипини и Мексико испраќаат најмногу пари во своите земји, покажуваат податоците на Светската банка.

Според прелиминарната статистика на институцијата за 2018-та година, вкупниот износ на паричните трансфери, испратени од иселениците во светот кон земјите со ниски и средни приходи, ќе достигне 528 милијарди долари.

Тоа претставува раст од над 10% во однос на претходната 2017-та година. Тогаш порастот беше со 7,8 отсто. Пораст е забележан во сите забележани региони, но во Европа, Централна и Југоисточна Азија темпото е најсилно, забележуваат од Светската банка.

Во 2018-та година емигрантите од Индија се испратиле околу 80 милијарди долари на своите роднини и блиски во земјата, трансферите кон Кина изнесуваат 67.4 милијарди, а оние на Филипините се во вредност од 33,7 милијарди долари.

Измерени како удел од БДП-то сепак, најголемите дојдовни парични трансфери се за помалите држави како Тонга (35.9%), Киргистан (35.1%), Таџикистан (32.2%), Непал (30,1%) и Хаити (26.5 %).

Целата сторија проследете ја на Денар