Дома Магазин Кој го памети Сакис Рувас од Евровизија, сега е остарен но одлично...

Кој го памети Сакис Рувас од Евровизија, сега е остарен но одлично изгледа (ФОТО)

Поп-пејачот Сакис Рувас скоро 20 години е еден од омилените ѕвезди во Грција. Најголемата слава ја стекна во 2004 година кога со песната Shake Shake настапи на „Евровизија“ во Истанбул.

Иако не воодушеви со пеењето, ја плени публиката со изгледот, па жените му го дадоа прекарот „Аполон на новото време“. Вака го нарекуваат и денес, кога оставаат коментари на неговите фотографии на социјалните мрежи. Велат, воопшто не е остарен, иако е во петтата деценија од животот.

По „Евровизија“ медиумите за сакис пишуваа дека е хомосексуалец. Но, 46-годишниот Рувас во неколку интервјуа јавно ги демантираше гласините. Лани, по 14-годишна врска се ожени со манекенката Катја Зигулис.

Двојката се запозна 2003 година, кога заедно снимаа реклама за „Водафон“. Во 2008 година тие станаа родители првпат, ја добија ќерката Анастасија. Потоа им се роди синот Александрос, па ќерката Ариадни, а во април 2016 година станаа родители четврти пат, добија син кого го крстија Аполон.

Освен што ѝ е посветен на музиката, Сакис неколку години е член на жирито на грчкиот „Х-фактор“. Тој имаше и неколку помали улоги во грчки серии, глумеше во инди-филмови кои ги сними во Холивуд, а имаше и неколку улоги во претстави во Грција.

Тој неодамна отвори суши ресторан, кој работи одлично. Гостите, како што велат, доаѓаат и заради добрата храна, ама и со надеж дека ќе го сретнат популарниот пејач.

Речиси не постои човек во Европа што не се сеќава на грчкиот претставник на Евровизија пред повеќе од 10 години Сакис Рувас.

Откако се стекна со голема слава на Евровизија во 2004-та година Сакис стана и национална ѕвезда во Грција. Минатата година по 14 години во врска се венчаше со манекенката Катија Зуголи, со која има четири деца.

Овие денови грчките медиуми инаку не престануваат да пренесуваат за фотографиите на Сакис од неговиот летен одмор.