Дома Македонија Горан Ангелов: Мојата кандидатура за Претседател е Божја промисла – јас сум...

Горан Ангелов: Мојата кандидатура за Претседател е Божја промисла – јас сум и потребен на Македонија

Актуелниот директор на депонијата Дрисла, екс претседател на ЗЕЛС и еден од најуспешните градоначалници, Горан Ангелов, повторно се враќа на активната политичка сцена, овој пат како претендент за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

Тој ќе оди на партиската конвенција и е уверен дека оваа конвенција ќе значи демократизација на неговата партија.

-Не би сакал ниту да помислам дека сум спаринг партнер на некој од кандидати за претседател на партиската конвенција на ВМРО ДПМНЕ.

Со никого од потенцијалните кандидати не сум во контакт околу конвенцијата, иако дел од нив ми се пријатели, дел не ги познавам, ама сум сигурен дека секој член на партиската конвенција треба слободоумно да оцени за кого ќе гласа, без притоа некој да му наметнува некое решение, за кое после сите ќе жалиме и ќе ја доведеме партија до тотален распад.

Самиот факт дека овој пат имаме девет кандидати, а не само двајца, зборува за поголем степен на демократизација на партијата, вели Ангелов во интервју за Прес 24.

Мојата кандидатура за претседател на РМ е поттикната од Божја промисла и моја интуиција, дека јас сум тој, што во овој битен момент за Република Македонија, може да и помогне на Македонија, но и да направи вистинско национално помирување меѓу Македонците, но и со Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и сите заедници кои живеат во Република Македонија.

Моето активно искуство во политика од 1993 година, како член на ВМРО ДПМНЕ, успешниот девет годишен мандат, како градоначалник на Општина Виница во периодот од 1996 до 2005 година, претседател на ЗЕЛС во најкритичниот период за РМ од 2000 до 2005 година, искуство како менаџер со проекти за европските фондови, укажуваат на мојата подготвеност и искуство за највисоката позиција во државата.

Целото интервју прочитајте го на Прес 24