Дома Свет Само три минути по судбоносното „Да“ побарала развод на бракот

Само три минути по судбоносното „Да“ побарала развод на бракот

Да, добро прочитавте во насловот. Токму така како што пишува, не станува збор за никаква шега. Брачна двојка покренала постапка за развод на брак по само три минути откако го кажале судбоносното ,,Да” .

Причината за разводот е оправдана. Веднаш откако невестата се согласила и бракот бил прогласен , таа се сплеткала од венчаницата и паднала , а младоженецот пред сите гости и рекол дека е глупава и ја навредувал .

Тоа било доволно невестата да побара развод.Со тоа , ова е најкус брак во историјата на Кувајт, каде што се случила венчавката.

Инаку, Кувајт е на прво место по разводи во регионот. Така, 60% од склучените бракови завршуваат со развод, а меѓу причините е и склучувањето бракови од интерес.