Дома Балкан Поради долг, исклучен телефонот на Брзата помош

Поради долг, исклучен телефонот на Брзата помош

Бројот на Брзата помош во Нов Бечеј, Србија, е исклучен поради долг, пишува Војводинскиот истражувачко-аналитички центар.

Вработените на сопствена иницијатива, преку социјални мрежи, ја информираа јавноста за привремениот број на итната помош.

Ова не е првпат да се исклучат телефоните во оваа здравствена установа, но е првпат бројот 194 да не е достапен за повеќе од 25.000 пациенти од Општината Нов Бечај и сите итни случаи од Кикинда до Зрењанин, кои ги покрива оваа услуга, се вели во текстот.

Здравствениот дом веќе 427 дена е блокиран поради долг од над 122 милиони динари (1.000.000 евра), од кои најголем дел е побарувањето на дистрибутерот на лекови „Феникс“. Брзата помош е прекината од вчера попладне.

Раководството на институцијата знаело дека телефоните ќе бидат исклучени, но ништо не презело, се вели во текстот.