Дома Свет Нема кој не го памети: Бог да го прости Мати Никенен, летечкиот...

Нема кој не го памети: Бог да го прости Мати Никенен, летечкиот финец

loading...

Мати Никенен, легендарниот фински ски-скокач, поч.ина ноќеска во 55 година од животот. Важеше за еден од најголемите натпреварувачи во историјата на скијачките скокови. Роден е во Јиваскила во 1963 година.

Освои голем број на златни медали и го носеше прекарот „летечки Финец“. Меѓу нив и четири од Олимпијадите како и бронза од Игрите во Сараево во 1984 година на малата скокалница. Има и пет шампионски титули од Светските првенства, едно сребрено одличје и три бронзени.

Ден пред смрт.та, според пишувања во фински медиуми, Никенен настапувал со својот бенд и вообичаено бил одлично расположен.

„Шоуто мина одлично. Никекен емитуваше извонредна енергија. Во шок сме по сознанието на веста дека починал“, вели Еиа Нутинен, сопственичка на ресторан чии гости во петокот навечер ги забавуваше бендот на Мати Никенен.

Конкуренцијата во Светскиот куп ја покоруваше четири пати, а двапати ја освојуваше традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“ – во 1983 година и во 1986 година.

Прослави вкупно 46 победи и дури 76 пласмани на пиедесталите. Од натпреварите во скијачки скокови се повлече во 1991 година.