Дома Балкан (ВИДЕО) Која иронија – возилото во кое беше директорот на патарините удри...

(ВИДЕО) Која иронија – возилото во кое беше директорот на патарините удри во автомобили на наплатна

Српската полиција вчера го уапси возачот на директорот на Коридорот на Србија, Зоран Бабиќ, Д.С.(35) поради загрозување на безбедноста на сообраќајот. Во тешката сообраќајна несреќа на наплатата рампа кај местото Дољевац, во близина на Лесковац, настрада Станика Глигоријевиќ(52) од селото Дебелица, а повредени се уште 4 лица, меѓу кои и Зоран Бабиќ.

За предизвикување на насреќата осомничен е неговиот возач.
На снимката која се појави во медиумите се гледаат две возила кои стојат на наплатна рампа. Ужасот се одиграл во дел на секундата.

Автомобилот на Зоран Бабиќ буквално ги смачкал возилата пред него, а во едно од нив била жената кој починала на лице место. Автомобилот на Бабиќ удрил во Опел Астра, кој го оттурнал пасатот пред него.

Во информацијата од Србија не се наведуваат причините за несреќата, но најчесто вакви сообраќајки се случуваат кога има појава на магла и видливоста е ограничена. На наплатната станица Градско, во нашата држава често се случуваат вакви сообраќајки.

-Има магла со слаба видливост и одеднаш пред тебе се појавува наплатната, велат возачи на кои ова им се случило.